Алонсо ќе им помогне на Рено како знае и умее годинава

Фернандо Алонсо вели дека е достапен да им помогне на Рено со што и да им е потребно на Формула 1 викендите оваа година додека се подготвува за своето враќање во спортот во 2021 година.

Двократниот шампион ќе се врати во Формула 1 следната сезона со Рено по двегодишна пауза, што воедно ќе биде негово трето возење со тимот од Енстоун. Неговото внимание беше насочено кон враќање во Формула 1 по последниот настап на Инди 500, а неделава тој ја имаше првата посета во фабриката.

Фокусот од моја страна до следната година е да следам што и е потребно на екипата од мене. Ќе имам неколку денови во симулаторот во фабриката, ќе се подготвувам за следната година и ќе помагам некако на трките. Најверојатно ќе дојдам на неколку трки, само да го следам тимот од страна и да ја разберам нивната работна филозофија.

Абу Даби ќе мора да бидам таму, а се надевам ќе присуствувам и на Имола. Блиску е до мојот дом во Швајцарија. Достапен сум на тимот за што и да им требам – уверува нандо.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ