Фернандо Алонсо нема никаква среќа оваа година, a иако имаше одлични перформанси на квалификациите во Турција, сепак не успеа да ја заврши трката во поени.
Откако беше удрен од Пјер Гасли тој се изврти и заврши на крајот на гридот. Подоцна имаше инцидент и со Мик Шумахер за што доби казна од пет секунди.
Се допревме и за несреќа се извртев и подоцна добив казна. Жал ми е за инцидентот со Шумахер. Тоа се случи кога бев на 14та позиција и немавме среќа уште од почетокот на оваа година, но мислам дека се приспособуваме за наредната.
Фрустрирачки е бидејќи не бевме конкурентни и имавме досадна трка, но кога сме конкурентни има лудо време и луди трки.
Историски не сме конкурентни на интермедиа гуми. Мора да се подобриме на оваа компонента.
Алонсо на крајот имаше фаталистичко гледање на настаните.
Мислам дека првиот свиок е тежок во вакви услови. Сите стартувавме на гуми за мокро и вакви работи се случуваат. За несреќа тоа ни се случи нас додека бевме во топ 5, но се надевам дека во наредните хаотички трки нема да сме напред.