ESPN ќе го користи тимот на Sky при преносите

Формула 1 фановите во Америка ќе следа преноси од тркачката серија, подготвени од страна на британскиоит Sky Sports.

ЕСПН и АБЦ ќе ги пренесуваат сите 21 трка оваа година откако добја договор со Формула 1 во важост од неколку години. Историски гледано, АБЦ е првата американска телевизија која пренесувала Формула 1 трка и тоа во далечната 1962 година.

Договорот на ЕСПН со Скај е од чиста трошковна природа затоа што ќе им донесе заштеда во однос на создавање на своја екипа, одделни коментатори како и подготовка на неопходната и потребна логистика. Веројатно дека удел во целата зделка има фактот што Disney во догледно време ќе го превземе 21st Century Fox, кои од своја страна се сопственици на ЕСПН и Скај.

Јасно е дека со сопствени коментатори и тим, ЕСПН ќе имаше многу поголем успех при промоција на спортот во Северна Америка, но ова решение веројатно е само за оваа сезона.

Возбудени сме што ќе работиме со тимот на Скај Спортс. Нивното покривање на Формула 1 е најдобро и нетрпеливи сме да го пренесеме нивното искуство и автентичност на нашата публика – изјави Кејт Џексон, продуцент за моторспорт во ЕСПН,

Одговорниот за Формула 1 во Скај Спортс, Скот Јанг, додаде:

Воодушевени сме што ќе работиме со ЕСПН и АБЦ што е големо признание за Формула 1 преносите на Скај Спортс. Секоја сезона се обидуваме да најдеме нови начини да ги подобриме преносите и да ги забавуваме гледачите, така што годинава нема да биде поразлично.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ