Saudi Aramco е нов партнер на Формула 1

Формула 1 официјално објави дека постигнале повеќегодишен договор со гигантот Saudi Aramco – државна нафтена компанија на Саудиска Арабија и хемиски гигант. Саудиската компанија е прв глобален партнер кој доаѓа во Формула 1 откако Американците од Либерти Медиа го превземаа спортот во 2017 година.

Освен Арамко, глобални партнери на врвната тркачка серија во моментов се најпрестижниот бренд за часовници Ролекс, вториот најголем “пивар“ во светот, Хајнекен, германскиот поштенски гигант ДХЛ, државната авио компанија од Дубаи, Emirates како и италијанскиот “гумар“ Пирели. Сите глобални спонзори во моментов се дело на преговарачките вештини на Берни Еклстон.

Договорот на Сауди Арамко значи и спонзорство на овогодишното Шпанско ГП, Унгарско ГП како и Американско ГП и нормално, чекор кон Формула 1 трка во Саудиска Арабија.

Формула 1 потенцираше дека имиџот на саудискиот гигант се вклопува во нивната борба за издржлив спорт и потрага по алтернативни горива за следната генерација мотори.

пресреќни сме што можеме да му посакаме добредојде во формула 1 на арамко со долгогодишен договор за глобален партнер, договор кој почнува на почетокот од оваа сезона.

нетрпеливи сме да го делиме и комбинираме знаењето и искуството во заедничката работа како и техничките иновации од кои двете страни ќе имаат огромна корист – најави чејс кери.

како најголем снабдувач со енергенси во светот и лидер во иновациите ние имаме амбиција да најдеме солуции кои ќе донесат позитивни промени за подобри перформанси на моторите и почиста енергија. партнерства од ваков вид ќе ни помогнат во амбициозни проекти – дополни амин насе, главниот извршен директор на арамко.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ