Саудијците ќе платат над 450 милиони долари на Ф1

Една од поубавите вести поврзана за Формула 1 годинава е таа дека Сауди Арамко, една од најголемите светски нафтени компании сопственост на Кралството Саудиска Арабија, ќе стане партнер на тркачакта серија.

Државниот производител на нафта и гас важи за најпрофитабилна компанија во светот, а во иднина ќе биде глобален спонзор и поддржувач на најбрзата моторспорт тркачка серија. Официјално сеуште не е познато колку вред мега договорот со Формула 1, но се зборува за вртоглави суми.

MotorsportWeek пренесува дека Формула 1 ќе инкасира помеѓу 42 милиони долари и 51 милиони долари годишно во следните десет сезони колку што е валиден договорот. Со потписот Арамко ќе стане единствен и прв Формула 1 Глобален партнер.

Во следна фаза се предвидува организација на Големата награда на Саудиска Арабија, но дел од тамошните медиуми потенцираат дека се работи само за спонзорски договор со цел да се подобри имиџот на компанијата пред можна идна нова емисија на акции откако во Декември не се оствариај очекувањата компанијата да достигне пазарна капиализација од 2 трилиони долари.

Како дел од договорот, Арамко ќе биде главен спонзор на трките во Америка, Унгарија и Шпанија, која веќе е одложено, но договот беше склучен пред Ковид-19 пандемијата. Логото на саудијците ќе биде видливо крај патеката и на дигиталните платформи и преноси од спортот.

Компанијата ја одбрала Формула 1 своето прво спонзорско искуство за да се засили глобалниот профил на името Арамко. Нивни цели се подигнување на свесноста преку Формула 1 брендот и интеракција со фановите како на патеката така и во дигиталните платформи. Арамко има долгорочна амбиција за меѓународни инвестиции, но ланскиот обид да се понуди 5% од компанијата на Берза беше неуспешна и беше продаден само 1,5% на домашната берза.

По договорот со Формула 1, Арамко застана во редот на Хајнекен, Емиратс, Ролекс, ДХЛ и Пирели како глобални партнери на најсилната тркачка серија во светот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ