ТЦР Европа, Монца 1: Фантастично возење и одбрана за нова победа на Џиролами и PSS Racing

Со фантастично возење, Франко Џиролами од македонскиот тим на ПСС Рејсинг, се одбрани од ривалот за титулата Микел Аскона и дојде до победа на првата трка овој викенд на Монца.

Нова победа за тимот на ПСС по пол позицијата на Џиролами, кој се одбрани на стартот од Феличе Јелмини и Џек Јанг и потоа ја контолираше трката до претпоследниот круг, но нападите на Аскона не беа доволни. За дополнителн успех на ПСС Рејсинг придонесе и нашиот Виктор Давидовски кој иако стартуваше од 16та позиција, исто така имаше фантастично возење и на крајот се пласираше на 9то место.

Главниот ривал на Франко во првенството, Аскона, беше на петта позиција и го престаса Том Коронел за да дојде на четврта позиција, но отиде право на Рожиа и падна една позиција назад. Двојката заглави зад Душан Боркович кој се бранеше на Аскари и на првиот свиок.

Коронел го престаса Боркович додека Аскона влезе од внатрешна страна на србинот. Во четвртиот круг Аскона успеа да го стаса Боркович.

Џиролами се држеше напред, но Аскона не заостануваше и напаѓаше. На крајот Џиролами победи пред Аскона и Коронел додека Тауфик кој отиде прешироко на Аскари во последниот круг ја изгуби четвртата позиција од Кларет кој заврши на петта позиција откако му пукна гума.

Хомола заврши на шеста позиција пред Боркович и Баерт.

Давидовски  заврши на деветта позиција пред Нилс Лангевелд кој беше последен во топ 10.

Беше одлично. Форсирав и бев доста брз но Аскона има многу моќ. Шампионатот е актуелен и ќе видиме што ќе се случи утре – изјави Џиролами.

Не знам зошто Микел е незадоволен. Победи минатиот пат на Нирбургринг, сега е втор … зошто се жали?

Аскона не беше среќен со одбраната на Џиролами и размени неколку коментари со аргентинецот по крајот на трката. Џиролами сега е само 26 поени позади Аскона во генералниот пласман.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ