Абитебул: Нема простор за грешки по доаѓањето на Алонсо

Сирил Абитебул е свесен дека има многу мал простор за грешки откако Фернандо Алонсо ќе пристигне во фабричката екипа на Рено од 2021 година.

Догодина ќе има не еден, туку два ребрендирани тимови на гридот, откако Рејсинг Поинт ќе стане Астон Мартин, додека Рено ќе станат Алпин Ф1. Алонсо од скоро беше во фабриката на Рено, а во исто време тимот се обидува да најде шанса за тој да тестира.

Знаеме дека Фернандо не прави грешки и поради тоа Немаме оправдувања. Мора да се подобриме во трките. Во првите осум трки ситуацијата беше дека ако поминеме многу време во брзи свиоци, тогаш бевме поназад. Во брзите свиоци потисната сила не е издржлива. Го срушивме тоа правило за прв пат по Муџело. Бевме подобри од очекуваното.

Во болидот сигурно има повеќе потенцијал, само треба да го извлечеме. На пример, во Барселона заостанувавме, а на Спа бевме многу конкурентни. Можеби не се работи за типот на патеката. Можеби нашиот болид функционира во мал простор. Поради тоа користевме поинакви сетапи на Муџело, а некои од тие ја потврдија нашата теорија.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ