Абитебул: Рено мора да станат зависни од успехот

Тимскиот шеф на Рено, Сирил Абитебул, вели дека првиот подиум на тимот бил емотивен момент и се надева дека ќе ги направи зависни на успехот.

Третото место на Рикардо на Ајфелското Гранд При беше првиот резултат во топ 3 за тимот од Енстоун по Роман Гросжан со Лотус во 2015 година. Тимот се врати како фабричка екипа следната година и во пет сезони не успеаја да стигнат повисоко од 4то место се до минатиот викенд.

Очигледно е многу емотивен момент, одлично чувство. Подиумот можеби нема да биде крајот на се и на нашата крајна цел во Формула 1. Во однос на резултати како екипа, ние сакаме повеќе, но мора да има и прв пат. Подиумот со Даниел е одличен момент.

Би сакал да можевме подиректно да прославиме со луѓето, пофизички, Но сепак е одличен момент, одлични чувства.

Овие емоции беа потребни за сите вработени во тимот, им требаше ваква енергија. Се проширивме многу, Повеќето кои пристигнаа во тимот никогаш не искусиле ваква енергија на победи, на подиуми. Мора да го искористиме тоа Мора да ги направиме да зависат од успехот за да бидат поуспешни – посака французинот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ