Автодромот крај Шангај отворен, првите трки во Јуни

Меѓународниот автодром во Шангај е повторно отворен, а се очекува првите трки да бидат одржани во јуни, пишуваат локалните кинески медиуми.

Патеката требаше да биде домаќин на 4та трка од овогодишниот календар, но беше прва која беше одложена по пандемијата на Ковид-19 која почна токму од Кина. Јас Ивентс, промотерите на настанот, по препорака од локалните власти, уште во Февруари побараа трката да биде одложена.

Во текот на пандемијата животот го загубија дури 3.300 Кинези, но земјата почнува забрзано да се враќа во нормала. Училиштата, кино салите и големите турстички знаменитости сеуште се затворени, но градовите повторно нормално функционираат, а се очекува тоа да го стораи и автодромот.

Медиумите пренесуваат дека неделава бил одржан корпоративен настан на Порше на патеката, но без присуство на јавноста. Во моментов распоредок е таков што првата трка е закажана за 26 Јуни во Кинескиот ГТ шампоионат, иако договор околу ова сеуште нема официјално потпишан.

Големата награда на Кина е дел од календарот од 2004 година, а организаторите побараа трката да биде одложена подоцна во текот на годината, но истото го сакаат и останатите промотери чии тркаки викенди мораа да бидат одложени. Чејс Кери најави дека очекува сезоа составена од 15-18 трки.

Магазинот The Race пренесува дека е невозможно да се огранизира Кинеското Гранд При во Декември, Јануари или Февруари поради просечната тепература во Пангај која не надминува 10 степени целзиусови.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ