Алонсо ги осуди Алпин за стратегијата во Јапонија

Фернандо Алонсо беше неимпресиониран од стратегијата на Алпин за време на Јапонското Гранд При и покрај тоа што заврши седми.

Шпанецот верува дека Алпин поминале низ цела низа на погрешни одлуки во Сузука со својата стратегија за трка. Додека поголемиот дел од гридот влезе во бокс во вториот круг кога трката Сузука продолжи по два часа задоцнување за промена на интермедиа, Алонсо беше принуден да вози уште еден круг за да избегне двојно влегување во Алпин со Естебан Окон кој возеше на четвртото место. За време на застанувањето, тој загуби две места, но брзо се опорави на седмото место на 10 минути преостанати од она што стана трка со времето.

Откако го претекна Џорџ Расел, Алонсо брзо го “фати“ Себастијан Фетел во последниот круг, но заостана само 0,011 секунди зад германецот на финиш линијат. И покрај тоа што постигна нови бодови во сезоната, Алонсо остана неимпресиониран

Стратегијата не функционираше за нас. Постојано правевме погрешни избори, Прво, влеговме последни за да промениме гуми и изгубивме места.

Потоа, застанавме предоцна на шест круга до крајот, а јас само што завршив на истото место каде што бев. Во двата наврати барав да влезам прв, но денес можеби мојот микрофон не работеше.

Требаше да запреме на 10, 11 или 12 круга до крајот. Како што кажав, не знам што правеа, а потоа застанавме на шест круга до крајот. Изгубивме шанса.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ