Алонсо добил нов мотор само за подобри перформанси

Алпин го промениле моторот на Фернандо Алонсо само за подобри перформанси и истиот немал никакви дефекти или проблеми со издржливоста, открија од тимот.

Двократниот првак ќе ја почне денешната трка од 19та позиција на Патеката на Америките откако Алпин му дадоа целосно нов агрегат што значи автоматски старт од позади. Шпанецот имаше проблем со протекување на вода од моторот уште во првите моменти од првата петочна сесија, но дефектот беше отстранет и тој продолжи да вози кон крајот на истата сесија.

Самиот Нандо посочи дека промената била иницирана поради перформанси, односно тој не бил конкурентен како што очекувал крај Остин.

најлошо за нас е да немаме ритам и брзина цел викенд. на други патеки изгледавме конкурентно, но не тука. го променивме моторот од таа причина, сакавме да иамме силен викенд. издржливоста е добра, дефекти немаме, така што се надеваме на поени – посочи алонсо.

Марцин Будковски потврди дека свеж мотор за Алонсо ќе значи дека тој ќе може поаагресивно да го вози истиот до крајот на сезоната.

во одреден момент станува предност да имате свеж мотор поради перформансите кои ќе ги имате и намален ризик од отакужвање и покрај фактот што треба да изджите казна. ако сакате моторот подолго да ви трае, мора да жртвувате перформанси и обратно. 

ги видовме патеките кои остануваат до крајот на сезоната, а оваа изгледа како патека каде најлесно се претекнува. јасно е дека тука ќе промениме мотор.

Тимот во исто време одлучи Окон да си остане на истиот мотор, но не исклучуваат промена на некоја од трките кои следуваат.

немаме план за окон и ќе ги процениме опциите со оглед на податоците за перформансите и издржливоста кај него.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ