Алонсо задоволен од тимската работа во Алпин

Алпин и Фернандо Алонсо имаа интересен месец откако двократниот првак реши на изненадување на многумина, да направи трансфер во Астон Мартин на крајот од сезоната.

Падокот се прашуваше како тимот и возачот ќе продолжат до крајот на годината откако стана јасно дека ќе се разделат, но тимската работа во Алпин на квалификациите за Големата награда на Белгија беше одлична. Нандо и Окон си ги заменија местата за французинот да го повлече шпанецот со оглед на тоа што имаше казна и беше јасно дека ќе назадува во поредокот. Така, по казните на Верстапен, Леклер и Окон, Фернандо ќе тргне од 3то место на трката.

среќен сум со нашите денешните перформанси и позитивниот резултат на тимот со два болиди во топ 6. си дадовме одлично влечење со естебан во текот на сесијата и се покажа како одличен потег.

ќе биде возбудливо на трка затоа што добив можност да напаѓам и да се борам за топ 3 од самиот почеток на трката. сакам чисто возење и користење на стартната позиција. ќе вниаваме на оние зад нас особено на побрзите кои ќе се пробиваат низ гридот, а секако дека целиме на топ 5 или топ 6 на крајот од трката – задоволен од пласманот е алонсо.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ