Алонсо: За разлика од Шумахер, јас никогаш немав најдобри болиди

Фернандо Алонсо се надева на поинаков исход од своето враќање во спортот споредено со враќањето на Михаел Шумахер во Формула 1.

Германецот се откажа од спортот на крајот на 2006 година, иако и таа сезона се бореше за титула со Фернандо Алонсо, но загуби со 134 поени на 121 поен. Направи пауза и се врати во 2010 година со Мерцедес каде за три години стигна до само еден подиум и ги остави своите фанови разочарани.

Алонсо се надева дека неговиот камбек нема да заврши на тој начин откако пет години нема Гранд При победа, една од тие години без триумф ја мина и во Ферари, а четири во Мекларен.

михаел имаше одлични болиди на располагање во текот на кариераа, а кога се врати во мерцедес, тогашниот болид беше просечен и поради тоа сите беа разочарани. во мојот случај може да се случи спротивно затоа што јас во последните пет години имав инфериорни болиди, а ретко кој може да каже што ќе биде догодина со рено 0 изјави нандо.

Нандо се враќа следната година во тимот о кој освои две титули, Рено, екипата која е во форма во моментов откако освои два подиуми на последните три трки со Даниел Рикардо и во моментов е на 3то место во поредокот со поен пред Мекларен и Рејсинг Поинт.

Алонсо во Среда восеше РС18 болид од 2018 година на Шакир во Бахреин, а запрашан колку долго планира да се заджи во Формула 1, тој изјави:

се додека не освојам трета титула. искрено, немам некоја цел, но мислам дека во моторспортот само времето кажува кога треба да престанете, не годините.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ