Алонсо и Окон се како учител и ученик

Работната врска на Естебан Окон и Фернандо Алонсо беше поздравена како класична динамика на наставник – ученик од страна на извршниот директор на Рено, Лука де Мео.

Кога Даниел Рикардо го напушти тогашниот тим на Рено во 2020 година, Естебан Окон можеби не очекуваше да види дека двократен поранешен светски шампион да го заземе неговото место, но оттогаш тој и Фернандо Алонсо развија еден од најдобрите односи на тимските колеги на гридот. Окон го опиша Алонсо како легенда и рече дека е на врвот со Михаел Шумахер и Аиртон Сена кога станува збор за великаните на спортот.

По шпекулациите за негативното влијание што Алонсо може да го има врз развојот на Окон, 54-годишниот италијанец де Мео, не се согласи и ја опиша нивната врска како класична динамика наставник и ученик

Напротив, тука можете да го видите тимскиот дух за кој зборувавме. Имавме само еден надграден болид за Имола и наместо да му го дадеме на Окон, кој е напред во поредокот, му го подаривме на Фернандо, кој досега немаше среќа.

Минатата година, Естебан ја виде соработката со Алонсо како одлична можност, Класична динамика на наставник и ученик, размена на информации што продолжува.

Возачите се херои кои никаде не одат без тимот. Дури и кога изгледаше како да се судираат, тие всушност се бодреа себе, Барем така ми кажаа двајцата.

Се чинеше дека брзината на тимот ќе доведе до потенцијално место на подиумот оваа сезона, но проблемите со доверливоста значат дека тие се наоѓаат на 6то место во шампионатот за конструктори. Сепак, Де Мео беше реален.

Има повеќе ресурси за развој во текот на сезоната и имаме подобро структурирана организација.

Внесовме или преселивме важни личности како Мет Харман, Отмар Шафнауер, Бруно Фамин, Пет Фрај. Мислев дека ќе биде потребна една година за да се среди тимот. Не се плеткавме, секогаш имавме план да формираме хомоген тим. Веројатно тоа ни недостигаше на почетокот.

И покрај тоа, италијанецот не сакаше многу да открива и на прашањето кои се неговите реални очекувања за сезоната, тој рече:

Ставете ги сите во позиција да работат најдобро што можат. Јас сум внимателен кон оние кои објаснуваат кога и зошто ќе го освојат светското првенство.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ