Алонсо мотивиран за трета титула

Фернандо Алонсо е мотивиран за трет Формула 1 шампионска титула при враќањето во кокпитот следната година, но е свесен за пречките на тој пат.

Шпанецот трет пат во својата кариера потпишува за фабричкиот тим на Рено, дојде во Енстоун во 2001 година, се врати и освои две титули во 2005 и 2006 година за во 2021 година повторно да го вози жолтиот болид.

Во моментов французите се екипа од средината на поредокот и го “бркаат“ својот прв подиум по враќањето во спортот. 40-годишникот сака да се бори за подиуим и победи кога ќе се врати на гридот, но свесен е и за ограничувањата кои ќе ги има.

би сакал да освојам титула, но свесен сум за ограничувањата особено следната година. во 2022 година ќе биде коцкање, сите сметаат дека ќе бидат најсилни таа година затоа што правилата ќе доживеат револуција.

никој не знае што ќе се случи и јас не сакам да ставам цели при моето враќање на гридот, што е одлично само по себе и имам чувство дека ќе имаме резултати. се враќам во спортот само затоа што ја сакам оваа тркачак класа, а ќе возам и за моќен фабрички тим и бренд – вели алонсо.

Последното возење на Формула 1 машина за шпанецот беше во 2018 година како пилот на Мекларен, но вели дека Рено му се како семејство.

доаѓам среќен и подготвен, се враќам по две години надвор од спортот кои ги минав подготвувајќи се да ги возам најсовршените болиди во светот.

како што секогаш велам, кога ќе се изгаснат светлата сите стануваме животни и се бориме да победиме, да дојдеме до подиуми и титули. јас сум свесен и за ограничувањата кои ќе претстојат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ