Алонсо му врати на Вандорн: Провери си ги фактите

Стофел Вандорн минатиот месец го обвини својот лански колега, Фернандо Алонсо, дека од Мекларен секогаш го добивал тоа што ќе го посакал и дека “де факто“ бил шеф на екипата.

Нандо освои повеќе поени од белгиецот во двете нивни сезони заедно, а лани и на квалификациите беше драстично посилен.  Фернандо откри дека не само што му помагал на Вандорн на патеката кога тоа било барано од него.

фактите се поинакви. кога гледате судари помеѓу колеги или споредувате колеги, тогаш треба да се земат во предвид и работите кои се прават еден за друг. ако се сеќавате јас го повлекував него во монца и во спа. ако се зборува за рептуација, тогаш мора прво да се проверат фактите – објасни алонсо.

Двократниот првак исто така го појасни својот однос со неговите колеги од Тојота во ВЕЦ, Себастиен Буеми и Казуки Накаџима за да докаже дека не е привилегиран.

јас немав никакви проблеми да менувам информации со нив затоа што тие имаат повеќе искуство што јас го немав. научив многу од нив од првиот ден, тие го знаат автомобилот и патеката како и потребниот пристап за ендјуранс тркањето. јас бев тој кој правеше грешки и кој бараше совет.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ