Алонсо не бил подготвен за пензија

Шпанскиот двократен Формула 1 шампион, Фернандо Алонсо, изјави дека не бил подготвен за пензија и повлекување од спортот на крајот од 2018 година кога реши да се откаже. 

И покрај двегодишната пауза, 39-годишниот Алонсо, потпиша договор со фабричкиот тим на Рено, а викендов ја посети и нивната фабрика во Енстоун.

Го знам секој чекор од ова место. Секој ходник секоја врата. 

Ова е трето враќање на Алонсо во Рено откако возеше за Ферари и Мекларен по последното заминување од француската екипа. 

Кога заминав од Формула 1 пријателите ми кажуваа дека конечно можам да правам што сакам, Но тоа што сакам е да се тркам и ќе продолжам со тркање.

Премногу сакам да се тркам. Не знам што има од другата страна на вратата, но не ми е страв. Ми треба волан во рацете секои 15 дена – возбуден од предизвикот е нандо.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ