Алонсо разговарал со неколку екипи за враќање

Фернандо Алонсо разговарал со неколку Формула 1 екипи за враќање во спортот, иако призна дека фабричкиот тим на Рено секогаш биле прва опција.

На крајот на 2018 година шпанецот се повлече од спортот, но ја остави вратата отворена за раќање во иднина, а тоа ќе се случи на 14 Март 2021 година, денот кој е одреден за почеток на сезоната на провизорниот Формула 1 календар.

разговарав со неколку екипи, но рено секогаш беа на прво место и тоа од две причини. прво е во однос на очекувањата и градење на нешто од срединаа на поредокот до врвот, тоа беше многу доппадливо и атрактивно. второ, ги нам сите во екипата и знам колку се страствени за тркање.

се враќам овдека по трет пат и знаев дека повторно ќе се чувствувам како да се враќам дома – објасни нандо за Sky F1.

Фернандо се подготвува за враќање со денот за снимање кој го искористи во Барселона со овогодинешниот РС20, а договорено е и возење со стариот РС18 деновиве.

неверојатно искуство кога знаете дека сте биле надвор од спортот две години, а потоа влегувате во формула 1 болид и го возите како да ви е прв пат. ми требаат што повеќе кругови. симулаторот е добар до одреден момент, но потоа ви требаат физичките сили кои ги произведува болидот и притисокот над вратот.

може да правитесекакви вежби дома, но никогаш не може да го реплицирате тоа што се случува во вистинскиот болид освен со реални кругови.

Во врска со тоа дали ќе му биде потребно време да се адаптира следната година откако ќе почне сезоната, тој изјави:

искрено очекувам веднаш да бидам во форма, но свесен сум за предизвикот кој можеби ќе биде пред мене на првите неколку трки. не само во однос на брзината од болидите туку и на сите процедури кои се спроведуваат од управувачот, командите и се на што треба дасе привикнам.

можеби на почетокот по малку е се мачам, но сакам да мислам дека лесно ќе совладам се.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ