Алонсо разочаран: Бев брз, но болидот откажа

Фернандо Алонсо е подготвен да го започне новото поглавје наредната година откако неговиот Алпин болид по 5ти пат оваа сезона откажа на патеката.

Двократниот првак имаше добра трка и беше најдобар од останатите пред да се расипе неговиот мотор во 66от круг на 4 кругови пред крајот на трката.

Уште еднаш болидот број 14 не ја заврши трката. Тоа се веќе 70 загубени поени. Има уште две трки до новото поглавје. Мислам дека Остин и Мексико беа двете мои најдобри трки и бев некои 20 секунди пред Мекларен, Но  овој пат болидот запре – изјави нандо.

Алпин ја загубија борбата со Мекларен откако Рикардо и Норис освоија поени, а за францускиот тим само Окон беше во топ 10.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ