Алонсо: Тешко до водечките позиции догодина

Фернандо Алонсо изјави дека ќе даде се од себе иако знае дека Рено наредната година нема да може да победи и да се бори за подиуми.

Двократниот шампион наредната година се враќа во Формула 1, но во моментов неговиот главен фокус е Индијанаполис 500 и нападот за тројна круна.

Гледам Формула 1 трки, но го очекувам Индианаполис кој е мој предизвик за оваа година. Ќе биде тешко со ситуацијата со корона вирусот во Америка и потешкотиите со патување. Нема летови, ни требаат дозволи, но добро е да се стигне и да се тркам. Во септември се враќам на Формула 1 и со нетрпение ја чекам новата авантура. 

Но, Алонсо е познат во падокот по својот карактер и тој верува дека наредната година нема да може да се победи. 

Болидите за наредната година ќе се исти како и сегашните и мислам дека Рено нема да може да дојде до челните позиции. треба работа за да се оди напред во 2022 година со силен тим и силна околина. Кога ќе го затворам визирот не ми е гајле на која позиција сум секогаш ќе возам како да е последно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ