Алонсо ќе биде претпазлив по грешките во Канада

Фернандо Алонсо најави дека ќе биде прептазлив на стартот на Белгиското Гранд При кој ќе го почне од 3то место на гридот откако имаше старт од предниот ред во Канада и направи грешка.

Шпанецот заврши на 6то место на квалификациите вчера, но по казните на Макс Верстапен, Шарл Леклер и Естебан Окон, трката ќе ја почне зад Карлос и Чеко. Не е прв пат сезоната тој да тргне од толку добра позиција откако беше одличен на дождливата квалификациска сесија во Канада каде постави 2ро време, но заврши на 9то место.

ќе бидам претпазлив затоа што во канада тргнавме од првиот ред и многу работи ги погрешивме. не искористивме безбедносно возило, многу долго бевме на стартните гуми, имавме проблем со батеријата. трките се во недела, не во сабота и само се надевам на чиста трка без проблеми – посака двократниот првак.

Сезонава шпанецот нема подобар пласман од 5то место, така што не се занесува дека ќе нападне за победа, туку сака да го предводи Алпин на врвот од средниот ред.

имаме силна конкуренција од позади од двата мерцедес, но и од макс и шарл кои многу брзо ќе напредуваат. реално топ 5 или топ 6 е нормална позиија за нас на крајот на трката, но ќе видиме.

Болидите кои не тргаат од првиот ред на Спа вообичаено имаат предност поради долгиот Кемел правец по О’Руж. Запрашан за шансите во првиот круг, тој посочи:

можеби чеко и карлос ќе имат контакт во првата кривина и ќе најдам начин да ги минам двајцата, тоа сакам да ми се случи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ