Алонсо ќе тестира РП20 по Нирбургринг

По се изгледа Фернандо Алонсо ќе го одработи најавуваниот тест аз Рено во пресрет на враќањето на гридот со францускиот производител следната година.

Откако ја официјализираа соработката за следната година, Нандо е редовен гостив во фабриката на тимот во Енстоун, а тимот засилено бараше начини да се врати на патеката со возачот во болидот пред официјалниот кам-бек следната година.

Една опција за Рено беше да добјат дозвола од ФИА 39-годишниот да учествува на тестот за млади возачи во Абу Даби по крајот на сезоната, но се чин дека нашле и друго решение.

Според Movistar, Алонсо ќе седне во РС20 болидот на ден за снимање кој Рено ќе го одработат на автодромот крај Барселона во Вторник на 13 Октомври. Не само тоа, се очекува Нандо да продолжи деновите потоа со болид на тимот од 2018 година.

правиме програма за алонсо и знаеме дека ќе возиме во вториот дел од сезоната, но не брзаме никаде затоа што има и индикар програма за одработување. ќе вметнеме и возење со нашиот болид од 2018 година.

тој би сакал да вози 2-4 денови и ние ќе го испочитуваме тоа. болидот ќе биде на средниот исток кон крајот на годината за нашите млади возачи. можеме да користиме и ден за снимање за да го сместиме во болидот – најави сирил абитебул.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ