Алпин: Алонсо и Пјастри нема да се борат за место во 2023

Фернандо Алонсо и Оскар Пјастри нема да бидат директна конкуренција за возачко место во 2023 година, тврди извршниот директор на екипата, Марцин Будковски. 

Алпин објавија дека минатиот месец дека Оскар Пјастри ќе биде резервен возач од наредната сезона. Австралијанецот ќе ја напушти Формула 2 по само една сезона и најверојатно ќе ја освои титулата откако ја зголеми предноста на 40 поени на две трки до крајот и ја освои четвртата последователна пол позиција на патеката Џеда. 

Пјастри нема тркачка програма за наредната година и ќе се фокусира на улогата на резерва во Алпин. Во текот на оваа сезона, Алпин му дадоа долгорочен договор на Естебан Окон кој трае до 2024 година, но двократниот шампион Алонсо договорот му истекува на крајот на следната сезона. 

Будковски изјави дека не знаат што ќе се случи со Алонсо по 2022 година, но сепак нема да има конкуренција помеѓу Пјастри и Алонсо за возачкото место. 

Како ќе донесеме одлука? Ќе видиме наредната година. Доколку болидот е брз и Фернандо е среќен, тогаш знаеме што ќе направиме, Но доколку тоа не е случај, ќе има различна дискусија.

Оскар е одличен талент, но доколку нема место во Алпин, сигурно ќе најдеме решение за него да остане дел од Алпин семејството – изјави будковски. 

Пјастри беше поврзуван и со Алфа Ромео, но сепак местото го доби Гуанју Жу, кој беше дел од Алпин академијата три сезони. Будковски смета дека Пјастри ќе игра важна улога во тимот наредната сезона.

Објавата на Оскар е важна бидејќи тоа што ќе биде резервен возач носи и повеќе работи. Тој ќе биде вклучен во развојот и во работата во симулаторот. Тој веќе работеше во симулатор и ќе работи близу со инжинерите, Но сепак ќе има и работа на патеката. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ