Алпин ќе тестира четворица возачи пред Сингапур

Алпин ќе тестираат четворица кандидати за возење во нивниот Формула 1 тим во 2023 година на Хунгароринг во деновите пред Големата Награда на Сингапур.

Тестот е дел од тековната програма во сезоната со помош на ланскиот Алпин A521 од 2021 година, кој првично беше наменет за Оскар Пиастри пред тој да ја одбие понудата за тркачко место и наместо тоа одлучи да вози за Мекларен во догодина. Иако портпаролот на Алпин потврди дека тестот ќе се одржи, тие не можеа да потврдат конкретни датуми или состав на возачи.

Сепак се дознава дека тестот е закажан за пред Големата Награда на Сингапур и потенцијално би имал до четворица возачи, вклучувајќи ги Ник де Врис, Џек Дуан, Колтон Херта и Мик Шумахер. Иако се верува дека Себастијан Фетел разговарал за возење во 2023 година со Алпин, сега се покажа дека тој нема да тестира во Унгарија. Нико Хулкенберг беше поврзан со тестот, но шпекулациите велат дека тоа нема да се случи.

Де Врис импресионираше на своето деби на трката изминатиов викенд за Вилијамс, завршувајќи на 9то место откако мораше да го замени Алекс Албон кој се лекуваше од слепо црево.

Дуан е кандидат за тркачко место во 2024 година, иако чувството е дека ако Алпин може да го промовира тогаш, зошто да не го стори тоа за 2023.

Што се однесува до Шумахер, се очекува тој да го напушти Хаас на крајот на сезоната по двегодишен период. Неговите опции да остане на гридот се крајно ограничени, а слободното место во Алпин му е најдобра шанса да го стори тоа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ