ОФИЦИЈАЛНО: Андрети ќе користат мотори од Алпин

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Од француски Алпин потврдија дека ќе даваат свои мотори во Андрети доколку американците обезбедат влез на Формула 1 гридот во иднина.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Американците притискаат со цела сила да стават своја екипа во најпрестижната тркачка серија, но ФИА и екипите не се многу расположени за нови тимови на патеката.

Медиумите одамна шпеклираа дека токму француските мотори ќе бидат дел од пакетот со кој би се тркал Андрети, мотори кои евентуално можеби ќе бидат ребрендирани во Кадилак.

Лорен Роси, Главниот извршен директор на Алпин, на промоцијата на болидот потврди дека имаат договор со Андрети.

се договоривме дека ако ги добијат сите потребни дозволи да се тркаат во формула 1, ние ќе им дадеме мотор. но, прво треба да покажат дека може да станат дела од формула 1, тоа е долг и макотрпен процес со многу документација и процедури како на пример доказ дека ќе донесат нешто посебно во спортот.

тие треба да докажат нешто во што другите ќе поверуваат, а ако се приклучат на спортот ние ќе бидеме повеќе од среќни да им помогнеме.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Алпин, исто така, веќе го потврдија своето учество на гридот со свој мотор и по 2026 година, а во моментов се единствен производител на гридот кој работи само за една екипа, фабричката. Секако дека тоа ги кочи со оглед на ограничените податоци кои ги добиваат споредено со моторите на Ред Бул Хонда кои се користат во две екипи, Ферари кои се користат во три екипи и Мерцедес кои се користат во дури4 имови.

убаво е да се има муштерија, но не е задолжително. можеме да користиме втора екипа заоа што на тој начин ќе иаме повеќе податоци за анализа, но тоа на некој начин и ќе го кочи фабричкиот тим, така што треба да се најде оптимум.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

НАЈНОВИ ВЕСТИ