Бергер: Алонсо би се борел за титула во Ред Бул

Шефот на ДТМ и поранешен Формула 1 возач, Герхард Бергер, не се сомнева во талентот и можностите на шпанецот Фернандо Алонсо. 

Нандо помина две години надвор од Формула 1 за подоцна да се врати во фабричкиот Алпин, но оваа година тој има доста лоша среќа која се чини дека заврши делумно во Монтреал откако се квалификуваше на втора позиција. 

Тој е неверојатен возач. Сигурен сум дека со Ферари или Ред Бул би можел да ја освои титулата – смета бергер.

Алонсо има само две титули и покрај неверојатниот талент и тоа што бил дел од топ тимови, но во погрешно време. 

Со неговиот талент, тој би требало да има минимум пет титули. По Мекларен, тој ја затвори вратата, но доколку беше во Мерцедес ќе имаше пет титули. 

Алонсо уште го нема продолжено договорот со Алпин кој истекува на крајот на оваа сезона. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ