Мекиес смета дека сите болиди ќе бидат исти во 2023 година

Според Лорен Мекиес, спортскиот директор на Ферари, дизајните на новите болиди ќе бидат слични до 2023 година. 

Тимовите ги привршуваат болидите за новата сезона во која има многу строги правила кои може да ни донесат слични дизајни. Тимовите очекуваат брз напредок со новите правила кои треба да го приближат гридот и според Мекиес, болидите ќе бидат доста слични во втората година од правилата. 

Дефинитивно има помалку слобода, Но возбудени сме бидејќи болидите ќе се целосно различни. Си рековме дека ова не е толку лошо, Но тогаш се отвора прашањето што по неколку месеци или година, дали тие ќе бидат слични. Мислам дека за една година болидите ќе бидат слични со премали разлики – смета французинот.

Со построги правила за 2022 година, за околу еден месец ќе ги видиме првите болиди, а во ФИА се оптимисти дека ќе има разлики во дизајнот на болидите. Николас Томбазис, одговорниот за техничкиот дел на отворените едноседи е оптимист дека тие нема да бидат исти за инженерите со остро око. 

Тешко е да се каже бидејќи мора да си експерт и мора да имаш референтна точка. Морам, да потенцирам дека моменталните болиди кога се зборуваше за правилата сите беа бели и им бееа покажани на шефовите на тимовите. Никој не знаеше да каже кој болид чив е бидејќи се многу слични. Мора да си експерт за да ги видиш разликите. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ