Будковски: Алонсо беше магичен на неколку трки

Извршниот директор на Алпин, Марцин Будковски, ги пофали перформансите на Фернандо Алонсо оваа сезона изјавувајќи дека тој бил магичен на неколку трки. 

Иако имаше лош почеток на сезоната назад на гридот, тој успева да ги импресионира сите. На последните 10 трки, шпанецот само еднаш не успеа да дојде до поени и заврши во топ 6 на четири од нив. 

Имаме неверојатна сезона, со различни победници и многу возачи на подиум. Го видовме Естебан како победува и Фернандо со одлични изданија. Добро е да останеме конкурентни пред новите правила. 

Следната трка е во Турција каде лани Рено имаше одлични квалификации, но лоша трка. Будковски се надева дека ќе се промени тоа. 

Истанбул Парк е одлична патека и среќен сум што се враќаме на неа. Минатата година се квалификувавме во топ 7, но на трка не испорачавме. Асфалтот беше ноќна мора. Оваа година треба да е различно. 

Алонсо сеуште нема победено во Истанбул, но имал доста успех досега и бил четири пати на подиум. 

Имам добри спомени од Турција. Оваа патека има брзи свиоци и можности за престасување. Свиокот број 8 е уникатен предизвик за справување и се сеќавам дека Имав добра борба со Михаел таму. Тој беше веднаш зад мене до последниот свиок на трката. Уживам да се тркам и со нетрпение чекам да се вратам назад. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ