Вебер: Алонсо не е брз како порано

Марк Вебер, пријател на Фернандо Алонсо, смета дека шпанецот повеќе не е толку брз и храбар како на почетокот од својата Формула 1 кариера и дека дури и шпанецот се плашел при своето враќање во спортот на 39 години.

јас сум огромен фан на фернандо и тој тоа многу добро го знае. но, самиот тој беше загрижен затоа што беше свесен дека нема да му биде лесна. кога се викате алонсо, шумахер или лауда, враќање во спортот не може да биде лесно – изјави вебер за шпанска марка.

Вебер е сигурен дека Алонсо е мотивиран, но не смета дека е соодветно за Алпин, Формула 1 и фановите да го чекаат да ја врати формата.

формула 1 не разбира што е трпение, тоа е врвна моторспорт тркачка серија и не може да барате повеќе време таму. тоа е мојот сомнеж, дали фернандо може да биде подобар од фернандо кога имаше 25 години, тоа е прашањето.

тој е исто толку добар, но е многу поискусен, но дали е доволно брз и храбар како порано, тоа е прашање кое само тој може да го одговори.

видете го валентино роси. мразам шо го гледам како се мачи, но часовникот никогаш не лаже.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ