Ф1 сеуште во преговори за трката во Виетнам

Формула 1 останува со надеж дека сепак ќе може да организира трка во Виетнам и покрај одложувањето и континуираното отсуство на настанот од календарот.

Во предградието на главниот град на Виетнам, Ханои, е изграден е полу-постојан објект, а инаугуративната трка беше закажана за Април 2020 година. Сепак, настанот беше одложен во средината на Март поради пандемијата од Ковид-19.

Летоска, екс-градоначалникот на Ханои, Нгуен Дук Чунг, клучна фигура во започнувањето на предложениот настан, беше осуден на пет години затвор за злоупотреба на државни тајни и злоупотреба на имот. Последователно, Виетнам беше изоставен од календарот во 2021 година, календар кој има рекордни 23 трки, вклучително и враќање на Холандија и деби на Саудиска Арабија.

Но, долгогодишната глобална директорка за промоција на трки во Формула 1, Клои Таргет-Адамс, истакна дека останува надеж дека шампионатот може да го посети Виетнам.

Виетнам е неверојатно возбудлива трка за Формула 1. Има огромна млада демографија во земјата, жив деловен сектор, некаде каде што ќе бидеме многу возбудени да се натпреваруваме. 2020 година требаше да биде првата трка, со неверојатна патека во периферијата на Ханои.

Сосема разбирливо, никој не сака да започне прва трка среде пандемија, тие работат и кон некои локални проблеми со одредена промена во владата.

Само што решивме и се согласивме со нашиот промотор, Вингруп, дека почетокот на 2021 година не беше вистинскиот момент за тоа. Продолжуваме да работиме со нив, на подолг рок сеуште ќе уживаме во можноста да имаме трка во Виетнам, па се надеваме дека на крајот ќе стигнеме таму.

Таргет-Адамс истакна дека Формула 1 продолжува да ги истражува потенцијалните нови места, со клучен интерес за Африка, САД и Азија.

Африка е континент на кој не се натпреваруваме и тоа е погрешно.

Сакаме многу да ја посетиме, тоа е приоритет, разговаравме со можни опции веќе неколку години и се надеваме дека на крајот ќе можеме да оствариме трка таму. САД остануваат јасен стратешки приоритет, имаме одлична трка во Остин, со нетрпение очекуваме да работиме со нашиот промотор таму, се надеваме дека ќе има уште многу години на соработка.

Ние гледаме можност за втора трка, локација за дестинација и бараме да го изградиме тој предлог за трки во САД.

Азија не криевме дека е клучен приоритет, ние сме глобални серии, имаме среќа што има голем интерес.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ