Ханој бара враќање на земјиштето по откажување на трката

Спортскиот комплекс My Dinh Nation во Ханој, Виетнам, се обидува да го врати земјиштето на кое е изградена уличната патека во Формула 1, според локалните извештаи.

Спортот беше подготвен да го посети Виетнам за прв пат во 2020 година, а трката требаше да се одржи на ново дизајнираната патека, чија изградба започна во 2019 година. Голем дел од патеката беше инсталирана како постојана структура, а другите делови беа земени од јавните патишта во западната област на градот.

Сепак, трката беше одложена минатиот Март поради пандемијата, пред организаторите официјално да прогласат дека трката е откажана во Октомври. Минатото лето, поранешниот градоначалник на Ханој, Нгуен Дук Чунг, кој беше клучна фигура во подготвувањето на предложениот настан, беше осуден на пет години затвор за злоупотреба на државни тајни и злоупотреба на имот.

Големата награда не беше прикажана во календарот за 2021 година и не се очекува да се појави на распоредот за 2022 година.

Но, спортскиот комплекс My Dinh Nation сега поднесе извештај до Министерството за култура, спорт и туризам, во кој се бара да се вратат 12,86 хектари што беа искористени за завршување на изградбата на патеката.

Според VnExpress, комплексот сака да го искористи земјиштето за изградба на арена во затворен простор за Игрите на Југоисточна Азија во 2021 година, што ќе се одржат во Ханој следната година.

Втора година по ред во услови на пандемија, ниту една трка од далечна Азија не е присутна во Ф1 календарот, а Кина, Сингапур и Јапонија се откажани оваа година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ