Организаторите во Виетнам и официјално ја откажаа трката

Премиерното издание на Големата награда на Виетнам, кое требаше да се одржи годинава, денеска е и официјално откажано од страна на организаторите.

Трката требаше да се вози на полу-улична конфигурација лоцирана во предградието на Ханои, главниот градн на Виетнам и тоа уште во месец Април. Но, настанот беше одложен на средина од Март по избивање на Ковид-19 падемијата која стануваше се полоша и донесе откажување на првите 10 трки од календарот.

По финализирањето на овогодинешниот календар во Јули, Либерти Медиа објави список од 17 трки без присуство на Виетнам кој имаше статус на одложена трка. Но, организаторите денеска и официјално ја откажаа трката со почеток на процесот на враќање на парите од сите кои купиле влезници за откажаниот настан.

не можеме да и посакаме добредојде на најпрестижната моторспорт тркачка серија на планетатата во виетнам оваа година поради ковид-19 пандемијата. донесовме многу тешка одлука за сите, но тоа беше единствено решение откако внимателно ги разгледаме сите критериуми и можности. им благодариме на сите за поддршката во овој тежок период – изјави ле нгок чи, главен извршен директор на трката.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ