Трка во Виетнам сеуште може да се одржи

Иако трката не е дел од провизорниот календар, сеуште постои шанса да се одржи Виетнамско Гранд При во 2021 година.

Виетнам требаше да биде домаќин на улична трка во Ханои оваа сезона, но беше откажана поради пандемијата од Корона вирусот. Потоа беше очекувано истата да се одржи следната година. Сепак, таа не беше дел од календарот од 23 трки по апсењето на претседателот на Народниот Комитет на Ханои, Нгујен Дук Чунг, една од клучните фигури за организација на трката.

Сепак, Клои Таргет-Адамс, глобалниот директор за промоција на трки во Формула 1, вели дека дискусиите со Виетнам сеуште се во тек.

Ќе се тркаме на алтернативна локација ако треба, но очигледно разговорите со Виетнам сеуште се во тек. Имаме некои опции бидејќи поминавме низ овој процес лани. Сите ќе бидат известени, се надевам до крајот на оваа година.

Бразил е особено важен пазар за нас, со милиони фанови. Можноста да се вратиме во Сао Паоло постои, така што е на календарот со повеќегодишен договор.

Таму ќе се тркаме следната година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ