Виетнам тешко на календарот следната година

Формула 1 продолжува да работи со Владата на Виетнам за можна улична трка низ главниот град Ханои, но тешко дека ќе дојде до реализација на проектот пред 2020 година. По превземањето на спортот, американците од Либерти Медиа се фокусирани на проширување на календарот во Азија и Америка каде гледаат најголем потенцијал.

Во своето интервју за Associated Press дадено од Токио, Комерцијалниот шеф на тркачката серија, Шон Брачес, потврди дека се преговара со Виетнам.

Мислиме дека Ханои ќе се приклучи на календарот следнит енеколку години и работиме со Владата да го финализираме проектот. Се работи за улична трка која може да минува низ центарот каде има огромна база на фанови, како и прекрасна околина од телевизиска гледна точка.

Како тест за виетнамските Формула 1 фанови ќе биде демонстрацијата и изложбата која ќе се одржи во Ханои во вториот дел од годината. Освен Виетнам, Брачес потврди дека бараат организација за уште една трка во Кина со што максималниот број на трки во текот на годината би биле 25.

Сметаме дека Соединетите Американски Држави и Кина може да организираат по две трки. Со правилна економизација, правилна структура и водење на настаните, 24 или 25 трки веројатно е нашата долгорочна цел. Постои поголем интерес одошто е нашиот капацитет и поради тоа мораме да бидеме многу селективни. Важно е за нас да одиме на локации кои се добри за Формула 1 брендот – заврши Брачес.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ