Владата во Британија има план за трката во Силверстон

Надежта за одржување на Британското Гранд При во Силверстон во Јули е се поголема по скорешните планови на владата на Велика Британија преку кои ќе започне организација на спортски настани следниот месец.

По обраќањето на премиерот Борис Џонсон, британската влада објави документ од 50 страници во кој се наведени плановите да се опушти изолацијата во следните неколку месеци. Втората фаза од планот вклучува дозвола за културни и спортски настани да се одржат позади затворени врати со ТВ пренос, со што ќе се избегне ризикот од контакт.

Иако оваа одлука нема да стапи во функција се до 1 Јуни, истата помогна во шансите Британското Гранд При да се одржи во Јули позади затворени врати. Формула 1 моментално работи на план сезоната да започне во Австрија на 5 Јули, со намера да се овозможи изолирана атмосфера со која ќе се заштитат тие кои работат во падокот. Силверстон потврди минатиот месец дека трката ќе се одржи само позади затворени врати.

По објава на правилата, претставник на Силверстон изјави дека Формула 1 е во блиска комуникација во однос моменталната ситуација и ја истражува можноста за одржување на трката позади затворени врати. Во документот на британската влада се вели дека одржување на спортски настани пристапни до фановите може да се случи само доколку има драстично намалување на бројот на инфицирани.

Сепак, сеуште не е јасно дали Формула 1 персоналот кој патува од Австрија во Силверстон ќе подлежи на 14-дневен период на изолација кој треба да започне за меѓународни патувања.

Според правилата на владата, сите кои допатуваат во земјата и кои не се листа на изоставени, ќе мора да се самоизолираат 14 дена по пристигнувањето во Велика Британија.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ