Враќањето на Алонсо немало врска со заминувањето на Сирил

Фернандо Алонсо ја поддржал одлуката на Рено за промени во менаџментот во пресрет на тркачката сезона, вклучително и заминувањето на Сирил Абитебул.

Французинот беше шеф на тимот од 2014 година и немаше никаква најав дека ќе замине, но во текот на првиот месец на годината, тој беше променет од шефовското место. Заминувањето на Сирил дојде како дел од промените во менаџерските структури кои ги спроведен Лука де Мео, Главниот извршен директор на Рено кој го постави Давиде Бривио, Лорен Роси и Марцин Будковски на челните позиции во Алпин.

Но, уште пред да се случат променте, Нандо го потврди своето враќање во спортот по две години надвор од тркачката серија, а сега потврди и дека ги поддржува направените промени и целосно му верува на де Мео.

точно е дека лани сирил беше шеф на екипата, а потоа де мео реши да го промени менаџментот, но јас давам се од себе и се обидувам да работам најдобро што можам со моите шефови и да помогнам на тимот колку што можам повеќе.

ми беше добро лани со сирил, годинава исто така ми е добро, така што одлуките за промени кои ги донесе претседателот сигурен сум дека иаат причина позади себе и поради тоа ги поддржувам и почитувм – појасно фернандо.

Уште откако официјално потврди дека ќе се врати во текот на летото минатата година, тој често зборува за причината околу тоа, главно поради фактот што сака да вози под новите правил кои ќе стапат на сила догодина.

одлуката да се вратам во рено ја донесав во март или април лани, тоа беа последните разговори кои тогаш ги имав со де мео и сирил. тоа се случуваше точно пред да почне сезоната, се сеќавам дека се враќаа од австралија.

целиот падок се врати од мелбурн, сезоната беше одложена до австрија и се случи во тој момент. си размислував кој би бил мојот следен предизвик, следната атрактивна опција за мене.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ