ОФИЦИЈАЛНО: Големата награда на Емилија Ромања откажана

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Поради силните и непрекинати дождови, излевањето на реките, поплавување на голем број општини во регионот Емилија Ромања, Формула 1 реши да ја откаже Гранд При трката која требаше да биде на програмата викендов.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Официјалното соопштение кое Формула 1 го дистрибуираше преку социјалните мрежи гласи:

формула 1 заедницата сака да прати сочуство до луѓето и заедниците засегнати со скорешните настани во регионот емилија ромања. исто така сакаме да им оддадеме почит и на луѓето вклучени во итните служби кои прават се што можат да се помогне онаму каде што е тоа потребно.

по разговорите помеѓу формула 1, претседателот на фиа, компетентните власти вклучително и од министерствата, претседателот на италијанскиот автомобилски клуб, претседателот на регионот емилија ромања, градоначалникот на градот и промотерите, донесовме одлука да не продолжиме со гранд при трката која требаше да се одржи викендов.

одлуката е донесена поради тоа што не е возможно да се одржи безбеден настан за фановите, екипите и нашиот персонал и затоа што сметаме дека е вистинска одлука и одговорна работа да се донесе таква одлука со оглед на ситуацијата во градовите во регионот. нема да биде исправно локалниот персонал дополнително да се притиска и да му се отежнува со оглед на итната ситуација во која се наоѓа – гласи соопштението од формула 1.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

НАЈНОВИ ВЕСТИ