Опремата на екипите тргна кон Монако

Формула 1 персоналот доби дозвола да се врати на автодромот Енцо и Дино Ферари на Имола за да се спакува опремата и да се подготви за 500 километри пат до Монте Карло.

По обилните врнежи кои непрекинато траеја 36 часа, сите 14 реки во регионот се излејаа, а речиси сите градови беа поплавени, Формула 1 во консултација со сите релевантни страни решија трката да се откаже. Реката која минува непосрендо крај патеката ги поплави долните делови од автодромот, вклучително и Формула 2 падокот, Формула 3 падокот како и коментаторските позиции, главните гаражи и Формула 1 падокот останаа заштитени.

Но, Формула 1 нема многу време до следната трка која се вози во последниот викенд од Мај во Монако, така што се појави притисок што побрзо да се стигне да се спакува опремата и да се натовари кон Монако и сето тоа низ голем број поплавени патишта, дел од нив и затворени.

Сепак, во Четврток наутро, персоналот доби дозвола да оди на патеката и да почне со работа, но само мал број клучен персонал задолжен токму за тоа. Со тоа што екипите добија дозвола да се вратат во гаражите, почна евакуацијата кон Кнежевството. Работата на Имола е во полн ек, така што било каква загриженост за доцнење на следнат трка е отстранета.

Монако требаше да биде втора трка од трите последователни, но со откажувањето на Имола ќе има само две врзани трки, едната во текот на последниот викенд од Мај, а другата во Барселона во првиот викенд од Јуни.

Можност за Емилија Ромања да организира трка подоцна е речиси неизводлива, така што веројатно организацијата ќе добие едногодишно продолжување на договорот за да се надомести за загубеното.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ