Трофеите од Имола одат на аукција

Откако беше откажана трката во Имола по катастрофалните поплави во областа Емилија Ромања, Формула 1 донираше 1 милион евра за помош на во фондот за помош и спасување. 

Но сега, Формула 1 заедно со Пирели и Ферари Тренто ќе ги даде трофеите на аукција, а парите ќе ги даде за помош на засегнатиот регион. Екстремните поплави пред трката на Имола резултираа со откажување на настанот. 

Повеќе тимови донираа средства за помош од поплавите и покрај тоа Ф1 заедно со Авто клубот на Италија и Формула Имола се одлучија да ги дадат и трофеите кои требаше да се доделат на аукција. Пирели ја донираше наградата за пол позиција која е потпишана од сите 20 возачи. Ферари Тренто го донираше пенливото вино кои се користи на подиумот кое е потпишано од сите возачи. 

Аукцијата ќе се отвори во Сабота и ќе трае до 6 јуни. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ