Заменик Премиерот на Италија бара одложување на трката

Заменикот на италијанскиот Премиер и Министер за транспорт, Матео Салвини, бара одложување на Големата награда на Емилија Ромања која треба да се вози викендов поради поплави и лошо време во регионот.

Втор пат во неколку недели областа Емилија Ромања се соочува со многу лошо време, огромно количество на дожд, поплави, излевање на реките, така што патеката не е воопшто во добра состојба, а пристапот до неа не е дозволен во моментов.

Денеска ќе има состанок на Кризниот штаб формиран од официјалните лица на Формула 1, ФИА, локалната и централната власт на земјата, Во својата изјава за италијански Ѕку, Салвини побара одложување на трката во Имола.

Дури и ако се оствари најавеното подобрување на условите во Емилија Ромања, тешко дека ќе се случува нашето на патеката затоа што ќе има проблем со пристапот на целокупниот персонал, како и со публиката која ќе има потешкотии при транспортот, но и со користењето на поплавената инфраструктура на автодромот Енцо и Дино Ферари.

Сликите кои кружат по социјалните мрежи покажаа дека падокот не е во добра состојба, а телевизиските простории се целосно поплавени како и помошните тунели.

24 општини се поплавени затоа што сите реки во емилија ромања се излејаа. просечниот дожд е 200 милиметри во последните 36 часа, но некои од најзагрозените области имаа и до 500 милиметри за истиот рок. ако се земе во предвид дека годишното количество на дожд во таа област е 1.000 милиметри, сфаќате со колкава моќ паѓа дождот последните 36 часа – објасни нело масумечи, италијанскиот министер за цивилна заштита.

Опции за ФИА и Ф1 се откажување на трката или одложување на истата, но проблем е густиот распоред кои следува.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ