Ф1 не очекува откажувањето на Имола да влијае на Монако

Формула 1 не смета дека откажувањето на Гранд При трката во Емилија Ромања ќе има некакво влијание над Големата награда на Монако, трка која е на програмата следната недела.

По разговорите помеѓу Формула 1, ФИА и сите засегнати страни, едногласно беше одлучено трката да биде откажана поради лошото време кое донесе поплави и излевање на сите реки во региното Емилија Ромања. Пристапот до патеката сеуште не е нормализиран, нешто што се очекува да се случи многу скоро. Поради тоа е отежнато пакувањето на опремата која веќе се наоѓа во падокот на Имола, а Монако се вози на 28 Мај, но олеснително е тоа што се работи за копнен пат од некои 500 километри.

Се очекува опремата да пристигне во Монте Карло согласно првичниот распоред и да нема никакво оддолжување на викендот. Сликите од дрон над патеката покажаа дека делови од истата во Среда беа целосно под вода.

Делови од областа добиле половина од просечното годишно количество ворнежи во само 36 часа, сите 14 реки се излеале од своето корито и поплавиле 23 градови вклучително и Фаенца каде се наоѓа седиштето на АлфаТаури.

Во моментов девет луѓе го имаат загубено животот, повеќе од 10 илјади се евакуирани, а спасувачките екипи работат со чамци и хеликоптери.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ