Гросжан поврзан со Пежо и хипер автомобилите на Ле Ман

Роман Гросжан ги разгледува своите опции за иднината, вклучувајќи и трансфер од Формула 1 во ВЕЦ ендјуранс серијата со француски Пежо. 

Како што Хаас размислуваат за нов возачки тандем од 2021 година, изгледа дека Гросжан самиот почнал да разгледува алтеранативи надвор од Формула 1. Покрај неколкуте опции, французинот има интерес во програмата на Пежо со хипер автомобилот за Ле Ман, која ќе биде врвната класа во ВЕЦ од 2022 година.

Ќе бидеме во контакт затоа што тоа е проект за кој сум многу заинтересиран. Француски производител на најголемите трки во светот, сигурно ќе биде добар проект. Со хипер автомобилите се надевам ќе имаме што повеќе производители, што ќе не врати во златната доба на првенството на издржливост.

Тојота вршат одлична работа, но да бидеме искрени, сега, гледајќи 24 часа Ле Ман со автомобил кој се бори против идентичен, не е многу возбудливо. Пежо пристигнува, потоа Тојота, како и други. Тоа ќе биде повторно возбудлива битка во која резултатот е непознат, од почеток до крај – смета гросжан.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ