Де Врис се потсети на безсрамните луѓе од Монца

Ник де Врис изјави дека видел доста безсрамни луѓе откако дебитираше на Италијанското Гранд При во Монца минатата сезона. 

Тој беше повикан во последен момент како замена за Алекс Албон, кој имаше операција на слепо црево. Неговите силни перформанси му донесоа договор со АлфаТаури како замена за Пјер Гасли. 

Неверојатно е колку некои немаат срам. Такви што не сум ги чул или видел многу долго одеднаш ми се јавија. Не сум загрижен за тоа каква е перцепцијата на надворешниот свет за мене. Ова ми е прва сезона во Формула 1. Би сакал да имам добри перформанси и јас сум истото момче од претходно – се присети холанѓанецот. 

Пред новата сезона тој го најми Жилаум ле Гуф кој е истиот менаџер на Гасли. Де Врис ја потенцираше соработката и присуството на менаџерот кој се грижи за него. 

Мислма дека работите се комплетни сега. Мајка ми и татко ми се разделија кога имав две години и пораснав со татко ми и сестра ми. Мојата семејство беше вмешано во мојата кариера.

Сега ми се потребни луѓе со кои ќе растам. Сестра ми се грижи продажбата и слични работи. Останатите ги тера татко ми. Посебно после Монца сите сакаа нешто од мене. Морав да се заштитам некако.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ