Де Мео: Алонсо е сам по себе бренд

Главниот извршен директор на Рено, Лука де Мео, смета дека следниот возач во неговиот Формула 1 тим, Фернандо Алонсо е сам по себе бренд во тркачкиот свет.

Двократниот Формула 1 првак ќе се врати во Алпин, ребрендираниот фабрички тим на Рено следната година откако се откажа од најсилната тркачка серија пред две сезони. Французите очекуваат многу од неговото враќање, очекуваат драстично подобрување на брендот Алпин.

тој ќе го засили тимот од комерцијална ггледна точка, поради тоа го земавме кај нас. знам дека момчето го обожаваат не само во неговата земја туку и насекаде низ светот, особено во јужна америка.

сам по себе тој е бренд, но дополнително е и одличен возач, мотивиран да се врати во својата куќа, сличен е на мене. јас почнав во рено и по 25 години се враќам на чело во компанијата.

двајцата сме среќни поради шансата да допринесеме и сметам дека тој е многу скапо средство во наш посед – смета де мео.

Од друга страна, брендот Алпин има сјајно минато откако беа првите конструкторски шампиони во Светскиот Рели шампионат, а големи успеси имаа и во ендјуранс тркањето.

како вљубеник во автомобилите јас во формула 1 гледам страст. за мене формула 1 е докторат во моторспортот, врвната серија и токму така ја “продавам“ на моите колеги.

мислам дека духот на алпин ќе ни даде поттик иако и рено е фантастичен бренд, но сметаме дека алпин повеќе одговара на формула 1 – заврши директорот на компанијата/

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ