Де Мео: На Алонсо му требаа само 10 кругови за да каже што не е добро

Лука де Мео, Главниот извршен директор на Рено, откри дека Фернандо Алонсо по само 10 кругови во А521 Алпин болид знаел што не е добро и што треба да се корегира во овосезонскиот болид на фабричкиот тим.

Шпанецот се враќа на гридот по пауза од две години, а имаше добар тридневен тест во Бахреин со вупно 206 кругови.

му требаа само 10 кругови да го најде лимитот на болидот, а потоа излезе од болидот и кажа што точно не работи како што треба. јасно е дека имаме многу вредно средство во него затоа што веднаш почна да ги притиска сите до лимитот, а наша цел е да му дадеме боли со кој ќе може да се забавува.

можеби со малку среќа би дошол во позиција да победи на трка, тоа би било фантастично за сите, но никој не може да го гарантира тоа. ќе дадеме се од себе и барем ќе се обидеме да му дадеме добар пакет, него и на естебан – откри де мео.

Рено имаа одлична 2020 година со вкупно три поени и за малку го пропуштија 3то место кај конструкторите откако се бореа со Мекларен и Рејсинг Поинт цела сезона. Де Мео посакува тоа да биде случај и годинава, односно да се надоградат на претходната со оглед на то што правилата се стабилни.

гледам блиска борба со астон и мекларен, дури и со ферари ако вратат дел од формата. но, ние сме конкуренција за себе, сакаме добри трки и напредок, но тоа нема да биде едноставно затоа што сите ќе се подобрат, а наш адут е фернандо.

не можеме да очекуваме да победуваме и да доминираме затоа што сме многу фокусирани на 2022 година и притискме кон таа цел особено поради тоа што моторот е замрзнат, “фрламе“ се на аеродинамиката.

за нас предизвикот почнува следната година, но не сакаме оваа да ја игнорираме затоа што фернандо секогаш сака да победува, а ние треба да му дадеме опрема.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ