ЕСПН критикувани поради лошиот пренос

ЕСПН ја одработи својата прва тркаа од новиот договор за пренос на Формула 1 на територијата на Соединетите американски држави и веднаш добија жестоки критики. Имено преносот беше често прекинуван поради реклами, имаше неочекувани пречки во видео сигналот, но се губеше и аудио сигналот од патеката на моменти.

По стандардот кој до лани го постави НБЦ со своите преноси, американците не беа воопшто воодушевени од она што премиерно им го понуди ЕСПН.

Американците го превземаат коментарот на трките од тимот на Скај, односно Мартин Брандл, Дејвид Крофт, Тед Кравиц и Пол ди Реста, како и останатите стручни коментатори на англиската телевизија. Сепак, Скај е платен пренос во Британија и истиот се одвива без никакви реклами и прекини, додека ЕСПН делуваше несинхронизирано и неподготвено во клучните моменти на трката.

На неколку наврати поради прекин во сингалот, дури се емитуваше и програма од студиото за американските гледачи на Формула 1. Америкците лекот ќе го бараат во Ф1 Про која ќе почне да се користи во Америка наскоро, како една од првите земји каде сервисот ќе биде имплементиран.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ