Занарди повторно може да зборува

Алекс Занарди имаше тешка сообраќајка со својот рачен велосипед во Jуни минатата година, но според извори од Италија, тој сега повторно може да зборува. 

По несреќата односно влетувањето директно во камион, тој остана во безсознание и имаше тешки повреди на неговата глава и преживеа неколку операции. Тој првично беше во болницата во Сиена пред да биде префрлен во рехабилитациска клиника близу до езерото Комо. Кога се влоши неговата состојба беше префрлен во Милано за на крајот да биде префрлен во Падова близу до неговиот дом. 

Навистина е одлично што почна да зборува и никој не верува во тоа. ТОј е тука и комуницира со семејството – изјави невропсихијатрот Федерика Алемано. 

Пред Божиќ беше објавено дека тој може да сигнализира со рацете. 

Занарди го имаше неговиот најдобар резултат во Формула 1 со шеста позиција со Лотус во 1993 година во Бразил, но беше доста успешен во Карт серијата во Америка каде беше шампион во 1997 и 1998 година. Се врати во Формула 1 за само една сезона со Вилијамс, но неговата кариера во моторспортот заврши по ужасната несреќа во Карт шампионатот во Лаусицринг откако му беа ампутирани двете нозе. 

Тој има одличен успека како пара-велосипедист со четири параолимписки злата и 12 светски титули. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ