Здравјето на Занарди значително се подобрило

Алекс Занарди значително напредува и тој веќе е во можност да се ракува со докторите. 

Поранешниот Форула 1 возач и двократен шампион во Индикар имаше пет операции по несреќата во Тоскана во Јуни кога се судри со кампион во трка низ Италија со својот рачен велосипед. Тој беше во вештачка кома каде имаше неколку операции на главата, а во текот на летото тој беше префрлен во Милано поблизу до неговиот дом. 

Според пишувањето на Кориере дела Сера, на Занарди му се вратил видот и слухот и веќе може да се ракува со докторите. Тој сеуште не може да зборува бидејќи неговото грло останува отворено како превенција. Докторите се сигурни дека тркачот ќе ги врати сите функции во нормала. 

Ова се одлични вести за неговото семејство во пресрет на Божиќ.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ