Состојбата на Занарди се подобрува

Состојбата на Алекс Занарди “клинички“ се подобрува, а тој останува во болницата да закрепне од повредите при возење на рачен велосипед при несреќата во месец Јуни.

Од 24 Јули италијанецот е во болница во Милано. 53-годишникот имаше четири операции по сударот со камион на 19 Јуни додека учествуваше на трка низ Италија со рачен велосипед. Сударот му нанесе тешки последци на главата и на лицето.

Прво беше пренесен во Santa Maria alle Scotte болницата во Сиена, а по три операции таму покажа знаци на подобрување и на 21 Јуни беше пренесен во Villa Beretta центарот за рехабилитација северно од Милано. Но, набрзо состојбата му се влоши и експресно беше вратен во болница, овој пат во San Raffaele Hospital во Милано каде му беше направена и 4та операција поради нов компликација од првичните повреди на главата.

По таа операција немаше нови соопштенија од болницата во врска со состојбата на италијанецот, но денеска иа новина:

по период во интензивна нега кој следуваше по хоспитализирањето на 24 јули, пациенот добро одговара на лекувањето и неговата клиничка слика е подобра. поради тоа во моментов се лекува во полу-итензивна нега во одделот за неурореанимација – гласи соопштението од болницата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ