На Занарди му претстои долг пат до опоравување

Сопругана на Алекс Занарди откри новини во врска со здравствената состојба на поранешниот Формула 1 возач откако тој имаше сериозни повреди на главата при несреќата со својот рачен велосипед пред една година.

Италијанецот имаше неколку операции на главата и константно се наоѓа во клиники за нега од несреќата, а последен пат е префрлен во болница блиску до својот дом во Италија.

во моментов е во специјална клиника каде има програма за рехабилитација што вклучува мултимодално и фармалогично стимулирање под надзор на доктори, физиотарапевти, неуропсихијатри и доктори за помош при говор во болницата.

се работи за комплексен процес кој се прави по невролошка операција и карактеристика на таквиот процес е могуте препреки кои се појавуваат. алекс е во стабилна состојба, како неговиот мозок така и телото. може да комуницира со нас, но сеуште не може да зборува.

по долго време во кома, неговите гласни жици мора да ја добијат потребната еластичност, а тоа е единствено можно преку вежбање и терапија. има сила во рацете и дланките и интензивно тренира секој ден – откри даниела занарди.

Запрашана за иднинте очекувања, таа одговори:

пред нас е огромен предизвик, многу долгопатешествие во моментов без никакви предвидувања кога ќе може да се врати дома.

Таа се заблагодари на сите оние кои посакале брзо опоравување на Алес на било кој начин изминатите 12 месеци.

примивме навистина многу желби за опоравување и би сакала да ја искористам оваа можност да им се заблагодарам од се срце на сите, од име на алекс, за секоја поединечна порака.

по консултации со докторите се чини дека сега и вистинско време да ја објавам состојбата на алекс. би сакал да им кажам на сите кои се грижат и молат за него дека тој се бори како и секогаш.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ